Binatex: преглед на брокер 2024

4.8 / 5
5

Ако веќе се занимавате со тргување или сакате да започнете, веројатно сте слушнале за брокерот наречен Binatex. Binatex има голем број на добри рецензии објавени од тргувачи од целиот свет. Заклучокот е дека им одговара на тргувачи од различни нивоа и се грижи секој од нив да има сè што му е потребно на дофат на прстите. Ова е особено корисно во современиот свет полн со метеж и врева од секојдневните грижи и напорната работа. Binatex им помага на своите корисници да заработат пари во кое било време и каде било, само треба да имате компјутер/лаптоп и интернет-врска.

Општи информации

Binatex е сигурен брокер основан во 2015 година. Угледот на Binatex се заснова на тоа што е една од најбрзорастечките компании на пазарот за тргување преку интернет. Познат е по тоа што има 1.264.104 корисници од 74 земји (а бројот брзо се зголемува), 6 меѓународни награди, уникатни функции итн. Платформата се ажурира речиси секој ден. Binatex нуди услуги за тргување и широк спектар на аналитички алатки со цел да го направи вашето искуство со тргувањето подобро.

Предности и недостатоци

Предности:

Платформата: платформата Binatex е интуитивна и лесна за користење. Таа одговара на сите потреби што ги имаат корисниците и се подобрува со секое ажурирање.

Функции: на Binatex се нудат неколку опции, а најинтересните меѓу нив се нарекуваат „Турнири“ и „Тркало на среќата“.

Турнир е натпревар за тргување преку интернет. Списокот со победниците од турнирите, којшто се ажурира за време на натпреварот е достапен овде, најдолу на страницата. Секој турнир има свои победници и секако награди. Иако наградниот фонд не е голем, турнирите се одржуваат еднаш на неколку часа, а тоа е прилично често. Освен тоа, турнирите се бесплатни и секој може да учествува во нив, само треба да започнете со тргување. Ова многу ги мотивира тргувачите и им помага да ја избегнат рутината на тргувањето со цел потоа да работат уште поефикасно.

Тркалото на среќата е скала што се зголемува кога корисникот е активен. Колку повеќе тој или таа е активен на Binatex, толку побрзо се зголемува скалата. Целта е скалата да биде полна и да се добијат 8 корисни додатоци или ефекти (како што се нарекуваат на Binatex), меѓу кои: лојално откажување на трансакцијата, ВИП-статус (друга одлична функција), зголемена профитабилност и сл.

Опција за демо-сметка: Брокерот ви нуди опција за демо-сметка, наменета како алатка за обука на секој тргувач. Секој почетник може да отвори демо-сметка само за да разгледа наоколу и да ги разбере основните принципи на тргувањето. Таа е погодна и за оние кои одамна се занимаваат со тргување и сакаат да тестираат некои стратегии без да користат вистински пари или пак да развијат одредени вештини.

Минимална уплата: минималниот износ за уплата е 10 американски долари или 10 евра. Тоа е доста прифатливо.

Официјален партнер: Binatex е официјален партнер на Алекс Волков и тоа е одлична вест за оние кои се интересираат за мешани боречки вештини. Binatex го поддржува и физичкиот развој.

Недостатоци:

ВИП-ниво за професионалци: ВИП-нивото (11. ниво) е наменето за професионалните тргувачи и треба да се помине долг пат за да се стигне до него. Тоа му се дава на секој корисник чиј депозит е 300 американски долари/евра или повеќе. Меѓутоа, бесплатно му се дава на секој нов корисник, а достапно е 3 часа.

Мал број на средства: Binatex не нуди голем број на средства (валутни парови, акции на компании, добра).

Услови за тргување

Што се однесува до условите за тргување, Binatex нуди ниска минимална уплата (само 10 американски долари или евра). Binatex обезбедува сигурност на вашите средства исто како да се чуваат во европска банка.

Брокерот може да се нарече еден од брокерите со најголема исплата на пазарот бидејќи веќе исплатил околу 2 милиони американски долари на своите тргувачи.

Средства

Binatex нуди различни видови на средства. Тоа се валутни парови, акции на компании (како оние на Apple, Facebook, Google итн.), добра како злато и нафта итн.

Платформа за тргување

Binatex ја создаде платформата што може да се опише како уникатна заради големиот број на функции достапни тука. Брокерот продолжува да ја развива платформата и да ја ажурира колку што е можно почесто. Како резултат на тоа, Binatex ја освои наградата „Најдобра платформа“ во 2016 година. Платформата е многу лесна за користење и интуитивна.

Платформата е креирана од Binatex и таа е достапна и за Mac OS и за Windows. Нема мобилна апликација, но таа се развива и наскоро ќе биде достапна во Apple App Store и Google Play Store.

Мобилно тргување

Binatex им дава можност на своите корисници да тргуваат не само на нивните компјутери или лаптопи, туку и на нивните мобилни телефони (преку прелистувач). Тоа е погодно, бидејќи во современиот свет повеќето од нас едноставно немаат можност постојано да бидат во близина на својот компјутер или да го носат својот Mac со себе, така што секој може да тргува со користење на неговиот или нејзиниот мобилен телефон. Како што веќе рековме, програмерите на Binatex се во процес на развој на апликацијата. А тоа е уште една одлична вест за оние кои претпочитаат тргување со користење на своите мобилни телефони. Мобилната апликација ќе биде исто толку лесна за користење како и верзијата за компјутер.

Демо-сметка

Ако Binatex го посетувате за првпат, ќе забележите дека вашето патување започнува од демо-сметката. За што се користи таа? Демо-сметката изгледа како вистинска сметка и ви дава можност да добиете повеќе информации за тоа како функционира платформата. Исто така, се користи како „поле за вежбање“. Со неа добивате 10.000 виртуелни американски долари што може да ги користите за вежбање. Друга опција е демо-сметката да ја користите за тестирање некои стратегии. Ја користат и почетниците и професионалците.

Видови сметки

Значи, Binatex има два вида на сметки што се вистински сметки за тргување и демо-сметка (којашто претходно ја опишавме). Демо-сметката е првото нешто што ќе го видите откако ќе го пополните формуларот за регистрација и ќе се најавите. Демо-сметката може да ја претворите во вистинска сметка со кликнување на копчето за вистинска сметка во горниот дел од страницата.

За повлекување средства, од секој се бара да го потврди неговиот или нејзиниот идентитет.

За уплаќање средства, треба да го пополните бројот на вашата картичка, датумот на истекување, името на носителот на картичката и CVC-бројот.

Отворање сметка

Не е потребно да извршите многу дејства за да отворите сметка на Binatex. Тоа е прилично едноставно. Треба да ја пополните вашата адреса на е-пошта и да се најавите. Тоа е сѐ. Лозинката се создава автоматски, па затоа е подобро да ја промените.

Исто така, постои и опција за враќање на лозинката. Треба да кликнете на „Ја заборавивте лозинката?“ и опцијата веднаш ќе се испрати на наведената адреса на е-пошта.

Повлекување средства

Средствата може да ги повлечете на картичката (или во паричникот) што сте ја користела за уплата во вашата сметка.

Потребни се 3 работни дена за обработка на вашето барање за повлекување.

Обука за тргувачи

На Binatex може да најдете и посебен дел за обука. Таму има голем број на статии за тргување и други материјали што ќе ги подобрат или развијат вашите вештини и ќе го направат вашето тргување уште поефикасно.

Има и неколку видеолекции што можат да ви помогнат да научите повеќе за различните модели.

Дали треба да тргувам со Binatex?

Binatex им одговара и на почетниците и на професионалните тргувачи, па ако сте новајлија, ќе ви биде корисно тука да ја започнете кариерата со тргување.

Како што може да видите, Binatex ги обезбедува сите материјали за развој на вашите вештини и неколку опции и функции што ќе го направат вашето тргување пријатно.

Binatex има многу позитивни рецензии, луѓето од цел свет го споделуваат своето искуство со тргувањето и го фалат Binatex за неговата платформа, нарекувајќи ја „уредна“ и „лесна за користење“, услугата за поддршка, којашто е достапна 24/7 итн.

Binatex ги освои срцата и умовите на своите тргувачи бидејќи е насочен кон клиентот и целта.

Please rate this

1 comment

Pocituvani,
Zosto momentalno ne mozeda se otvori prebaruvacot binatex ?

Напишете коментар